Не е изненадување славните личности да си поиграат на Инстаграм, но по последните снимки на Кајли Џенер, јасно е дека таа – премногу се заиграла со фотошоп.
Младата богаташка сними видео во соработка со Џејмс Чарлс, во кое тој ја шминка за Ноќта на вештерките.
Бидејќи Кајли неодамна објави колекција на шминка, инспирирана од гепард, дизајнот на целата колекција е направен по примерот на оваа дива мачка, како и облеката на Кајли што ја носеше за снимањето на кампањата.
И нејзиниот нов изглед беше инспириран од колекцијата: Џејмс направи четири „големи гребнатини“ на образот на Кајли.
На видеото објавено на Јутјуб, тие зборуваа за тоа како Кајли сака уште деца, кој ја фотографира на патувањата, за новата колекција и за прекинот на снимањето на „KUWTK“.
Сепак, она што многумина го забележаа е лицето на Кајли кое е без шминка на почетокот на видеото. И покрај тоа што има 23 години, таа изгледа далеку постаро и несовршено, за разлика од нејзините фотографии на Инстаграм.
Најголем проблем се нејзините усни кои изгледаат потечено, како и лицето – кое делува премногу црвено без шминка.