Се чини дека Koронавирусот не и може ништо на младата претприемачка – таа самата заработи колку што имаат првите 4 зад неа на листата!
И покрај пандемијата што предизвика пад на многу компании, тоа не беше случај со деловната активност на Кајли Џенер.
Сопственичката на Кylie Cosmetics и Kylie Skin се најде на врвот на листата на славните кои заработиле најмногу пари претходната година.
И покрај фактот што претходно ја „лишија“ од титулата милијардер, тие продолжија да ги следат нејзините сметки, па проценија дека таа заработила 600 милиони долари оваа година. Покрај првото место, изненадува тоа што таа заработила повеќе од другите пет најдобри заедно.
А, покрај двете компании за убавина, Кајли заработува и од социјалните мрежи: една од нејзините објави на Инстаграм, наводно, чини неверојатни 1,2 милиони долари.
Зад неа на списокот е Канје Вест со заработени 140 милиони долари, тенисерот Роџер Федерер со 106,3, Кристијано Роналдо со 105 и Лионел Меси со 104 милиони.
Ако на Кајли и оди толку добро за време на криза, не смееме ни да замислиме како ќе оди следната година…