Кајли Џенер со своите 202 милиони следбеници на Инстаграм се наоѓа меѓу најследените девојки на оваа социјална мрежа, а нејзините фанови редовно ја изразуваат својата љубов преку лајкови.
Покрај забавните видеа, Џенер знае да воодушеви и со модни комбинации, но и со фотографии на кои позира заедно со својата двегодишна ќеркичка, Сторми.
А, што се случува кога тие две работи ќе се спојат? Е, дури тогаш се бројат лајковите.
Тие позираа заедно во исти кафеави аутфити, поради што добија повеќе од десет милиони лајкови.
„Преслатко, преубаво“, „WOW“, „Ангели“ се само дел од коментарите под оваа објава.