Celebrity

Кајли Џенер ја покажа преубавата новогодишна елка: За помалку од еден час успеа да собере милион лајкови!

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, покажа како ја украси елката во својот дом.

Сестрата Ким Кардашијан навистина ги обожава празниците, па во описот на фотографијата откри дека ова е нејзиниот „омилен период од годината“, а елката навистина ги воодушеви сите.

Огромното дрво, со големина на скоро два спрата од куќата, остава без здив, а за помалку од еден час, Кајли успеа да собере милион и пол лајкови на Инстаграм, со оваа фотографија.

„Преубава“, „Можеш ли да ја украсиш и мојата елка?“, „Колкава новогодишна елка“, се само некои од многуте коментари, кои нејзините следбеници ги напишаа под фотографијата.

Напиши коментар