Кајли Џенер се соочи очи во очи со активистите за заштита на животните, додека излегуваше од луксузната продавница на Rodeo Drive во Беверли Хилс.
25-годишната претприемачка носела спортска облека, а имала и заштитна маска. Папараците ја фотографирале во саботата, на 18 декември, додека излегувала од продавницата и седела на совозачкото место на белиот Rolls Royce со телохранителот, додека мала група демонстранти против носење на природно крзно, го опколиле возилото и почнале да викаат преку мегафони.
Како што може да се види на видеото, една жена извика: „Срам да ти е! Ти си чудовиште! Срамота е што ја поддржуваш крзнената индустрија!“
Се чини дека демонстрантите конкретно не ја посочија Кајли за време на протестот, но таа се најде на тоа место, па решија да ја поткачат и неа.
Тие викаа и по другите пешаци во овој популарен трговски центар на отворено.
Кајли не им одговори.