Celebrity

Кајли Џенер повторно заблеска: Ретко кој има храброст за ваква модна комбинација!

Кајли Џенер знае како да ги засени модните критичари, па доколку сакате да бидете во центарот на вниманието, облечете се како неа. Модните избори на ријалити sвездата се подобруваат во последно време, а се чини дека станува омилена кај многу модни експерти. Оваа комбинација ќе им се допадне на оние малку посмели дами. Портокаловите металик панталони и црвена кошула не може на секого да му прилегаат толку добро. Оваа комбинација на облека им одговара само на жените кои се сигурни во себе.

Оваа есен, на изненадување на многумина, светлите бои и комбинации, како онаа во која се прошета Кајли се во тренд. Бидејќи гардеробата е доволно ефикасна, таа не носеше никакви други додатоци. Целата модна приказна беше заокружена со шпиц салонки.

Напиши коментар