Celebrity

Кајли има толку долги нокти што и самата призна дека не може ништо да направи со нив!

Кога сакате да ставите нокти со кои можете да повредите некого, оние што ги има Кајли се вистинскиот избор. Таа сподели фотографии од новиот маникир на Инстаграм, и колку и да и се убави ноктите, да ги има воопшто не е лесно.

Кајли е позната по неколку работи во светот на убавината, освен што секогаш има луди бои на коса кои сите сакаат да ги копираат, таа има и долги и секогаш лакирани нокти. Таа е една од оние славни девојки кои отсекогаш имале нокти толку долги, што се прашуваме како воопшто прават нешто со нив. Колку се непријатни ваквите нокти, сега ни открива Кајли. Од почетокот на пандемијата, Кајли престана да носи долги нокти и да оди на маникир и почна да ги носи своите природни, кратки нокти. Сега мораше да стави долги нокти за едно снимање, а своите видеа на Инстаграм покажа колку е тешко да се прави било што со нив.

Ноктите ги направил Chaun Legend, човек познат по тоа што им ги средува ноктите на познатите. Семејството Кардашијан-Џенер често носи маникир направен од него. Додека овој маникир изгледа убаво и тотално есенски, никој освен Кајли не би можел да го носи повеќе од еден ден. Можете ли да замислите да направите нешто со вакви нокти? Ниту ние!

View this post on Instagram

felt cute.

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Напиши коментар