Растењетo под будното око на јавноста за некого може да изгледа како одличен живот, но Кајли еднаш во својата изјава покажа дека е исто толку лошо, колку што е и добро. Бидејќи толку долго време обожавателите ја гледаа на ТВ или ги следеа нејзините објави и живот преку социјалните мрежи, тие можеби мислат дека ја познаваат и знаат каква е. Во една од нејзините последни изјави, таа покажа колку е далеку ова од вистината. Таа призна дека веќе некое време ја крие својата вистинска личност од јавноста.
Пред неколку дена Џејмс Чарлс објави на својот YT канал видео во кое тој работи на изгледот на на Кајли за Ноќта на вештерките. Зборуваа за сè додека тој ја шминкаше, а во еден момент Кајли призна дека се чувствува како да не може да биде вистинската Кајли пред камерите и јавноста. „Ја покажував мојата вистинска личност многу долго на Вајн и Инстаграм, но како што станував сè попопуларна, сфатив … кога луѓето зборуваа навистина ужасни работи за мене, за тоа каква сум, за мојата личност и работите што ги сакам за себе, тоа ме повреди “, изјави Кајли, додавајќи дека затоа започнала да „игра улога“ за јавноста и да ја крие вистинската Кајли од очите на јавноста. “Почнав да покажувам помалку од мојата вистинска личност, што е тажно. Тажна сум за тоа„, додаде таа. Џејмс спомена дека Кајли е всушност смешна и забавна, што луѓето можеби не знаат, а подолу можете да го погледнете целото видео и да видите за што станува збор.