Free zone

Како да ја исушите косата што е можно побрзо: Со помош на овие трикови ќе биде сува за една минута!

Ова е нешто за сите оние денови кога ќе одлучите да ја измиете косата во последен момент и ќе сфатите дека немате доволно време. Овие трикови ќе ви се најдат во ваква ситуација, бидејќи барем ќе заштедите време на сушење на косата и ќе можете да го посветите на некој друг дел од подготвувањето.

Кога ставате маска или регенератор, исчешлајте ја косата со чешел со широки запци

Процесот на забрзување на сушење на косата започнува уште додека ја миете косата. Освен што вашата коса изгледа посјајна, хидрирана и поубава, овие производи ќе помогнат и побрзо да се исуши. Силиконите во овие производи ќе направат заштита околу влакната на косата и нема да апсорбираат толку вода кога ќе ја исплакнете. Што исто така, значи дека ќе се исуши побрзо кога ќе излезете од кадата. Но, за ова да работи што е можно подобро, треба да ја чешлате косата додека на неа има маска или регенератор. За да го изведете тоа со помалку кубење на косата, најдобро е да земете обичен чешел со широки запци.

Завиткајте ја косата во крпа и занимавајте се со други работи

Можете да правите неколку работи паралелно додека косата ви стои во крпа, го апсорбира вишокот вода, а вие за тоа време можете да јадете нешто или да ја подготвите облеката што ќе ја носите, сето тоа зависи од тоа што планирате да направите откако ќе ја исушите косата. Нема смисла да ја исушите веднаш откако ќе ја измиете, само ќе ја прегреете со фен за коса. Дајте и малку време да се впие во пешкирот. Ако сакате особено да го забрзате овој процес, пешкирите со микрофибер се оние што најдобро ќе ја апсорбираат водата.

Plopping е техника со која треба да бидете запознаени, особено ако имате виткана коса

Ова е техника што ја користат девојките со виткана коса за нивните локни побрзо да се исушат и убаво да се формираат по миењето на косата. Сè што ви треба е стара памучна маица. Откако ќе завршите со миење на косата, ставете масло или кој било производ што го користите после миење, што не се исплакнува, а косата завиткајте ја во памучна маичка. Направете турбан, но не ја притискајте косата премногу. Нема да добиете локни ако немате таков тип на коса, но тоа ќе ви помогне побрзо да се исуши.

Користете ги вистинските чешли

Постојат различни четки за коса и чешли, но не сите се дизајнирани за иста работа. Ако ја чешлате косата додека ја сушите, потребна ви е четка со соодветна големина за вашата коса. Ова ќе и помогне на вашата коса да се исуши побрзо. Важно е и како го држите фенот за коса, секогаш е најефикасно кога ’дувате’ надолу. На тој начин ќе опфатите повеќе коса.

Напиши коментар