За почеток, најважно е да се ослободиш од чуството на вина. Секој од нас има право да избере кој ќе биде дел од нашите животи. Ако мислиш дека животот ќе ти биде подобар без одредена личност, остави ја без двоумење. Не мора и не треба да ја трошиш својата енергија на луѓе кои не те ценат, не те слушаат и не покажуваат со дела колку им значиш.
Не можат да ти го поправат расположението, но лесно можат да го расипат
Треба да бидеш опкружена со луѓе кои можат да те мотивираат и чие присуство буди во тебе добро расположение и пријатни емоции. Тргни ги луѓето кои уживаат во твојот неуспех.
Секој разговор со нив те заморува
Секоја минута помината со личност која ти ја троши енергијата е залудно потрошена и штетна по твоето здравје и енергетска рамнотежа.
Твоите верувања и начин на живот се сосема различни од верувањата на другата личност
Понекогаш на патот на животот среќаваме луѓе чиј карактер и верувања се целосно некомпатибилни со нашите. Нема ништо лошо во ова, но ние не треба да ги држиме таквите луѓе во нашиот најтесен круг на комуникација и во исто време бесконечно да се буниме како се однесуваат или кои се. Тие имаат својот живот, а ние наш. Нека остане така.
Не се чувствуваш пријатно во нивно друштво
Ако не ти е пријатно во нечие друштво, обиди се да бидеш што е можно помалку во близина на таа личност. Воопшто не си должна да трпиш нешто што не ти е пријатно.
Луѓе кои осудуваат
Луѓето кои постојано те осудуваат во јавност и истовремено шират гласини за тебе позади грб, не се луѓе кои се грижат за тебе.
Користољубиви
Пријателството е заедничка корист, врска во која разменуваме нешто најубаво. Ако забележитш дека некои луѓе ја користат твојата љубезност и енергија и не ти даваат ништо за возврат – време е да ја прекинеш таа врска.