After Midnight

Како да препознаете дека станува збор за емоционално недостапно момче?

Еве како се однесува емоционално недостапно момче. Како да го препознаете и да се помирите со фактот дека не можете ништо да направите во врска со тоа, освен да се повлечете.

Му недостасува емпатија

Партнерот кој одбива да ги препознае и прифати вашите чувства е партнер кој нема емпатија. А, лицето кое нема сочувство кон другите ќе зборува само за своите грижи и искуства, до последниот детал, одбивајќи да го прифати фактот дека и вие имате и чувства и потреби. Емоционално недостапните луѓе честопати се нетрпеливи во друштвото секогаш кога некој друг ќе почнe да зборува за своите проблеми, а понекогаш дури го гледа како слаб и ранлив.

Секогаш ги обвинува другите

Емоционално недостапниот партнер секогаш ги обвинува другите за неговите проблеми и апсолутно не сака да преземе одговорност за какви било животни проблеми и пречки со кои се соочува. На пример, дали тој верува дека вие сте виновни за сè што е лошо во врската? Ако тој никогаш не преземе одговорност за ништо, тоа значи дека има проблем. А, тоа значи дека не ги прифаќа своите постапки или емоции, што може да влијае на вашата врска.

Врската започна како физичка … и остана таква

Кога врската започнува како физичка привлечност и остане само на тоа, има причина зошто е така. Партнерите кои се емотивно недостапни, се чувствуваат поудобно кога сте физички блиски, но не сакаат да бидат емоционално ранливи. Со други зборови, тие го користат сексот за да ви се приближат и избегнуваат да зборуваат за емоциите коишто прават да се чувствуваат ранливи и „отворени“.

Само што излегол од долга врска

Ако лицето што ве заинтересира штотуку излезе од долга врска, големи се шансите дека не е подготвен веднаш да се впушти во нешто сериозно. Ако станува збор за личност која е искрена со себе, ќе сфати дека не е подготвена за сериозна врска откако само што ја завршил старата. Сепак, многумина одбиваат да признаат дека не се веднаш подготвени за нова сериозна врска и брзо влегуваат во нова, сметајќи дека така ќе се чувствуваат подобро и дека нема да бидат осамени. Тешко е за новиот партнер да го прифати ова, а сè што можете да направите е да му дадете време и простор да види дали има потенцијал врската да опстане.

Напиши коментар