Free zone

Како да престанете со грицкањето на нокти?

Грицкањето на ноктите, покрај тоа што е естетски грдо, тоа е и многу штетна навика, кога станува збор за здравјето.

Како што објасни за The Guardian, Wendy Wood, професорка по психологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, потребно е многу време да се искорени оваа штетна навика. Таа е предизвикана од околностите во кои се наоѓаме и кои е поттик за повторување на несвесните постапки кои ги сметаме за лоши навики.

„Поради сите овие работи, вашите лоши навики се отпорни на промени“, вели професорот Wood.

Во својата книга за лошите навики, ‘Good Habits, Bad Habits: The Science of Making Positive Changes That Stick’, таа наведува дека не можеме да се справиме со лошите навики се додека не забележиме дека сме склони на нив, и после тоа неопходно е да се преземе контрола врз предизвикувачите на штетни навики.

Таа верува дека, конкретно, грицкањето нокти е навика што луѓето ја стекнуваат со цел да го свртат вниманието од некоја стресна ситуација.

„Бидејќи е мала болка што го свртува нашето внимание од причината на вознемиреност, ние чувствуваме задоволство. Значи, секој нареден пат кога ќе се почувствуваме немир, бараме утеха во грицкањето на нокти “, објаснува Wood и предлага три чекори што можеме да ги преземеме за да ги спречиме сопствените штетни нагони.

Отежнете го начинот за спроведување на штетната навика
Кога станува збор за грицкање нокти, таа предлага да носиме ракавици, да ги премачкаме ноктите со некој непријатен вкус, што била вообичаена практика во минатото ако децата ги грицкале ноктите. Ако сте во можност, одете и на маникир.

„Маникирот го отежнува грицкањето нокти а и имате дадено пари за тоа“, вели Вуд.

Променете ги предизвикувачите за идејата да не ви падне на ум
Ако ноктите ги грицкате особено на работното место, односно на училиште, тоа ни кажува дека стресот на работа или на училиште е главниот предизвикувач. Во тој случај, корисно е да се направат некои промени кога станува збор за тоа како го поминувате времето на училиште или на работа. Wood ви предлага да се обидете да работите стоејќи, ако е можно. Промената на рутината може да даде резултати.

Развијте навика што ќе се спротивстави на штетната, сè додека не ја замени
Кога грицкате нокти, олеснителна околност е што клучот е да ги окупирате рацете со нешто, а тоа не е невозможен потфат. Чест избор на луѓе вработени во компании каде што навистина е потребен обем на работа е антистрес топче што можете да го стискате секогаш кога ќе почувствувате желба да започнете да грицкате нокти.

Напиши коментар