Останете дома – поради одговорност, за да не го ширите вирусот.
Не патувајте – сите дестинации и градови ќе бидат на место кога ситуацијата ќе се смири. И тие ќе ве чекаат.
Не драматизирајте – ако твојата душичка е во друга земја, не седнувај на првиот воз, во авион или во автомобил за да ја видиш. Вие само ширите можна инфекција и им отежнувате на луѓето кои се во првата борбена линија против вирусот, а тоа се здравствените работници.
Прочитајте ја – на пример, „Љубов во доба на колера“ од колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркез. Флорентино ја чекаше својата љубов повеќе од половина век, поточно 53 години, 7 месеци и 11 дена и ноќи.
Мијте ги рацете, постојано.
Одвојте време да поработите на себе и да стекнете некоја нова вештина што ќе ви се најде во новиот, променет свет по завршувањето на Корона кризата.