Кога ќе тргнеш во средно училиште или на факултет, сè се менува. Во ново опкружување си, меѓу нови луѓе, и начинот на работа одеднаш се променил. Ништо не е како претходната година, но колку и да е невообичаено и тешко, полесно е да се прилагодиш кога имаш некој покрај себе.
Запознај се со луѓето што ти се чинат интересни
Дури и да не е некој со кој инаку би се дружела, средното училиште е нов почеток и можност да се опкружиш со луѓето со кои сакаш да бидеш опкружена. Не плаши се да разговараш и да запознаеш некого. Особено ако видиш дека и таа личност е сама и изгубена. Користи ја таа ситуација што те привлече баш таа личност како можност за разговор. Можеби станува збор за одлична фризура што можеш да и ја пофалиш и да ја прашаш каде ја направила или интересна книга што си ја видела да ја чита…
Не глуми нешто што не си
Промената на фризурата и стилот на облекување е една работа, но кога целосно ќе се промениш само за да бидеш прифатена од ‘кул’ општеството, тука треба да запреш. Да се преправаш дека си нешто што не си, да правиш работи што вообичаено не ги правиш, само да натераш некој да го прифати тоа е скроз без врска.
Некогаш ти биди таа што ќе организира дружба
Не плаши се да му предложиш на некој нов што штотуку го запознаеш после училиште да одите на сладолед или на прошетка или што и да е. Ако се дружите на час, шансите тој/таа да те одбие се мали, бидејќи очигледно си и симпатична на таа личност.