Се чини дека најголемата мудрост денес, кога се во прашање емоционалните врски, е знаењето дали и кога треба да се повлечеме. Некои врски се токсични и опстанокот во нив е скоро невозможен, а кога е тоа така, време е да се повлечеме, и тоа без долго размислување и прашања. Сепак, некои врски вредат за нашиот престој и борба за љубовта да победи. Како да препознаете кога би требало да останете и да се борите?
И двајцата знаете како да признаете грешка и да се извините за своите постапки
За да решите конфликт, треба да можете да ја видите вашата грешка за да можете да ја поправите. Ако ги видите вашите грешки, тоа значи дека сте во можност да размислите за тоа како би можеле да се промените, а во исто време да разберете како вашите грешки влијаат на вашиот партнер. Ако сте во можност да се промените и да се извините, и ако вашиот партнер е способен за истото, тогаш сè уште постои надеж за вас и вашата љубов.
Двајцата сè уште се обидувате
Двајцата сте подготвени да видите дека вашата врска треба да се поправи. Подготвени сте да разговарате за тоа, да преземете одговорност и да соработувате, за да направите сè да биде подобро.
Не сте направиле ништо непростливо
Секој од нас ги прави оние мали грешки, преку кои може партнерот да помине, а ние можеме да ги промениме, но сепак има работи што не можат да се простат. Ако никој од вас не направил непростлива грешка, сепак има шанса за љубовта да победи.
Ако сте искрени, работите напорно и се сакате, сигурно сакате и да се борите за вашата љубов, а тогаш навистина нема причина да не и дадете уште една шанса на врската и на саканата личност. Но, запомнете, таа шанса треба да биде последна. Затоа што ако сте ја увиделе грешката, ќе ја поправите работата, а ако сè продолжи како порано, време е за дефинитивен крај.