Celebrity

Како изгледаа Кардашијан на почетокот на кариерата, а како изгледаат денес – Ќе успеете ли да ги препознаете?

Најпознатото семејство во светот, Кардашијан, стана популарно уште во 2007 година, кога започна нивното ријалити шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Од тогаш до денес, тие се променија толку многу, што некои од нив веќе не личат на себе.

Започнуваме со кралицата на кланот Кардашијан-Џенер, мама Крис. Таа е личноста која стои зад сè и сè е под нејзина контрола. Со целата работа, секогаш има време и за себе, затоа што мора да признаеме, изгледа одлично! Ова е начинот на кој сите би сакале да остариме. Мама Кардашијан не старее со текот на годините, напротив, се чини дека станува помлада. Комбинацијата на добри гени и ботокс може да направи чуда, а Крис е жив доказ за тоа. Оваа втора фотографија е направена неодамна, каде има 65 години, а другата е од пред 13 години! Шок и неверување.

Клои Кардашијан, чиј изглед во последно време постојано беше на удар на критичарите. Сите се шегуваат што таа повторно си купи ново лице. Само поминете низ нејзиниот Инстаграм и се ќе ви биде јасно. Изгледа како различна личност секој месец. Нејзината слика, која покажува како изгледала порано, е направена одамна, поточно во 2008 година, а другата е нова, од оваа година. Таа, исто така, се сметаше себеси за грда пред тоа и затоа одлучи да работи на својот изглед.

Кајли без шминка и Кајли со шминка се две сосема различни личности, па не е изненадување што Кајли од порано и Кајли сега не изгледаат воопшто слично. Со неа и со Кендал, сепак, ситуацијата е малку поинаква, бидејќи кога започна популарноста на ова семејство, тие сепак беа само тинејџерки. Ниту вие нема да изгледате исто на 15 и 23 година. Постои многу поголема разлика во изгледот кога станува збор за стареење од тинејџерските години до 20-ти години и од стареењето од 30 до 40 години.

Како и со Кајли, има голема разлика и со Кендал, но не толку како со останатите. Јасно е дека пораснала во последните години и дека користи различни филтри на сликите што ги објавува. Но, дури и со сите овие додатоци, Кендал е онаа која навистина личи на себе и изгледа како возрасна верзија од младата Кендал.

Сестрата која досега дефинитивно најмалку се сменила од претходно е Кортни. Таа е секогаш иста. Дури и ако ја одржува својата младост со ботокс и слични процедури, таа не направила никакви драстични промени во својот изглед како некој други во нејзиното семејство, и најчесто не носи многу шминка.

Од моментот кога Кардашијан станаа популарни, тие се појавуваа на разни настани, а фотографијата на Ким Кардашијан од еден од настаните од 2007 година, најдобро покажува колку таа се сменила. Да ја гледавме само таа фотографија, веројатно немаше ни да претпоставиме кој е на неа. Оттогаш па се до денес, таа се смени во однос на стилот, а при постигнувањето на популарниот изглед каков што го знаеме денес, помага и шминката, особено контурирањето. Покрај тоа, пред да објави фотографија, кој знае низ колку филтри поминува, па не е ни чудо што изгледа сосема поинаку. Можеби дури и не би ја препознале ако ја сретнеме на улица.

Напиши коментар