After Midnight

Како минатото конечно да го оставите зад себе?

Кога гледате зад вас, сигурно има еден период од животот, во кој се боревте како лав со минатото, но прашањето е дали успесно се изборивте? Сè уште има грешки, кои некогаш сте ги правеле и за кои и денес жалите. Можеби седите и жалите што некои работи не се случиле поинаку или сте фрустрирани од фактот што некои стари, случајни збирови на околности ве доведоа во ситуацијата во која се наоѓате денес.

За животот да биде она што го заслужуваме, мора да научиме да го живееме во моментот, а за да го доживееме моментот, мора да научиме како да го пуштиме минатото. Иако, понекогаш се чини невозможно, кога ќе го оставиме минатото во минатото, ќе се чувствуваме многу поолеснето и ќе можеме да уживаме во животот.

Можеби е потребно уште еднаш да ја оживеете болката која ве угнетува, за да можете да продолжите со мирна глава. Зошто минатото да ве кочи, кога можете да уживате во сегашниот момент, кога она што некогаш ве повредило веќе не ве повредува. Ако постојано се враќате, на некоја приказна што била раскажана многу одамна, вие ја покажувате таа болка и таа несигурност во сегашниот момент, што доведува до фактот дека не можете да дозволите да ви се случуваат убави работи, затоа што немате мир.

Ако буквално чувствувате физичка болка поради нешто од минатото, потребно е да се запознаете себе си. Буквално, се прашувате зошто ова ве прави толку слаби? И кога ќе ги сфатите своите слабости, длабоко вдишете, дозволете си да ја искусите болката за последен пат, а потоа со издишување ослободете се, ослободете го страдањето, заборавете на минатото и ветете си дека е време да ја затворите таа книга и конечно да уживате во вашиот ден .

За што сте благодарни, кој ве инспирира, што ве исполнува?

Сето ова е точно пред вас и колку побрзо го разберете, толку побрзо ќе бидете благодарни! Сè додека нашиот ум е исполнет со минатото, ние нема да можеме да ја доживееме сегашноста. И кога ќе ја сфатиме убавината на живеењето во сегашниот момент, ќе го заборавиме минатото засекогаш. Има денови кога треба само да ве потсетиме дека животот е убав и дека сè има смисла. А, за таков ден, секогаш е вистинско време.

Напиши коментар