Free zone

Како мобилниот телефон влијае врз кожата?

Неодамнешните студии покажуваат дека 92% од тестираните мобилни телефони содржат бактерии, а 16% од нив ја кријат фекалната бактерија Ешерихија коли. Сите ние го држиме мобилниот телефон во областа каде што акните обично се акумулираат (долниот дел од лицето), а козметичкиот дерматолог д-р Сем Бантинг предупредува дека долгите разговори можат само да ги влошат работите.

Touch – screen проблем

Да, екраните на допир се навистина практични за сурфање, но дали некогаш сте се запрашале колку пати на ден, освен екранот на мобилниот телефон, ја допираме кваката од вратата? Истиот тој „екран“ обично завршува на нашите образи. Не сакаме да ве претвориме во бацилофоби, но сепак, добро е да бидете свесни за тоа.

ШТО ДА СЕ НАПРАВИ?

Покрај чистењето на телефонот, нанесувајте тоник со низок процент на алкохол секој ден за да спречите појавување на бактерии на вашата кожа, а од друга страна, можете да ги спречите акните, коишто може да избијат од прекумерното телефонирање со третман со гел, кој содржи салицилна киселина.

КАКО ДА ГО ИСЧИСТЕТЕ МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН?

Да, 96% од мобилните телефони содржат бактерии кои ја оштетуваат нашата кожа, затоа исчистете го вашиот мобилен телефон со антибактериски марамчиња, само проверете да не содржат алкохол или киселини кои го оштетуваат, советува дерматологот д-р Бантинг.

Напиши коментар