Сигурно барем еднаш сте биле во ситуација да сте сингл веќе подолго време, а потоа дојде време за славниот прв состанок. Ти се допаѓа момчето со кое си излегла, како и ти на него, но ти се обидуваш да го направиш фатално и во тој момент, почнуваш да се однесуваш малку очајно.
Законот на привлекувањето меѓу луѓето не е секогаш најјасен, но ако на почетокот започнеш да се однесуваш како да „фаќаш за сламка“, можеби врската е веќе осудена на пропаст.
На самиот почеток, кога сè уште не се познавате доволно добро, една од најдобрите тактики е да одржувате одредена дистанца и да останете мистериозни, бидејќи ако одлучите да се вклучите во неговиот живот без тој да ви даде причина, веројатно е дека од вашата романса нема да биде ништо.
Од друга страна, ако држиш премногу дистанца, тој може да сфати дека си незаинтересирана. Значи, потребно е да му дадеш до знаење дека ти се допаѓа, но се прашуваш како да го направиш тоа со правилна мерка?
Умерена комуникација
Секако, сакаш да бидете во постојан контакт со некој што ти се допаѓа, но обиди се да ја задржиш вистинската мерка и дозволи тој да биде оној што ќе се појавува почесто и ќе покажува поголем интерес за тебе. Секако, ако сакаш да одите на состанок, можеш да го поканиш, но нека биде тоа повремено, затоа што треба да видиш дали тој ќе те повика и ќе сака да помине време со тебе.
Не дозволувај да паднеш во “friend zone”
Многу е важно да ја знаеш мерката во пријателски гестови на почетокот, затоа што не сакаш тој да те стави во пријателска зона, бидејќи штом еднаш ќе те стави во таа категорија, ќе ти биде многу тешко да станеш негов емотивен партнер, колку и да се трудиш.
Не покажувај дека си несигурна
Последното што го сакаш е да види дека си несигурна. Секој маж до него сака девојка полна со самодоверба, која знае што сака. Не сакаш тој да мисли дека си несигурна и дека сакаш само еден грам нечие внимание, бидејќи во тој случај тој никогаш нема да те покани на следниот состанок.