Astro&Horoscope

Какви се хороскопските знаци кога ќе се разбудат?

Хороскопските знаци го одредуваат нашиот карактер, склоностите и однесувањето во љубовта. Или барем тие нè забавуваат додека ги читаме прогнозите и советите што ни ги даваат планетите. А, сигурно ќе се смеете на описот на однесувањето на астролошките знаци по будењето – кој е подготвен во неколку чекори, а кој се фаќа за огледалото, за да дознаете – прочитајте во ова мини сценарио во кое сигурно има барем малку вистина.

6 часот наутро: Девицата станува и ја пребришува бањата пред да се истушира. Откако ги изми забите, ја става четката во стерилна чаша и ја става на посебно место, далеку од другите четки.

6 часот и 15 минути: Јарецот станува и го исклучува бојлерот, терминот за ефтина електрична енергија заврши.

6 часот и 20 минути: Водолијата оди на утринско трчање.

6 часот и 30 минути: Вагата и Лавот се борат пред огледалото за хидратантниот крем и гел за коса.

6 часот и 40 минути: Бикот појадува Нутела.

6 часот и 45 минути: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.

7 часот наутро: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи овошни сокови. Близнакот се уште е во кревет, проверува е-пошта, Фејсбук, Твитер и Инстаграм од неговиот мобилен телефон.

7 часот и 5 минути: Шкорпијата ја разбива вратата од бањата – Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рацете.

7 часот 10минути: Овен станува и ја вклучува стоперката.

7 часот 11 минути и 45 секунди: Овенот е истуширан, облечен, дотеран, мавтајќи се симнува по скалите. Ја исклучува стоперката.

7 часот и 15 минути: Бикот ја гребе теглата со лажицата. Нема повеќе Нутела.

7 часот и 20 минути: Вагата и Лавот повторно се борат пред огледалото, последна проверка на изгледот и восхитувањето на самите себе пред да заминат.

7 часот и 30 минути: Водолијата се истушира ​​со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7 часот и 40 минути: Сите заминуваат.

7 часот и 45 минути: Близнакот се враќа, заборави еден од 3-те мобилни телефони.

7 часот и 50 минути: Близнакот се врати повторно, го заборави паричникот.

08:00 часот: Рибата се буди и сфаќа дека ја заклучиле во станот.

Напиши коментар