Celebrity

Камила Кабело докажа дека сè уште е во врска со Шон Мендес

Камила Кабело и Шон Мендес беа еден од најомилените парови во светот, сепак, многумина помислија дека раскинале – веќе долго време не објавуваа заеднички фотографии, ниту пак зборуваа премногу еден за друг. Сепак, Шон сега објави нов албум, а еве каква порака му остави Камила!
„Светот може да искористи малку повеќе имагинација, убавина и ‘Wonder’, особено сега. Шон, каков прекрасен подарок му дадовте на светот! Овој албум го создаде од длабочините на душата, работеше нон-стоп со најдобри намери. Љубов моја, горда сум на тоа што си и едвај чекам луѓето да ги слушнат и видат твоите мисли и твоето срце “- пишува Камила .

Дали ве изненади гестот на Камила или знаевте дека сè уште се заедно?

Напиши коментар