Free zone

Капутите владеат со улиците: Изберете еден од најпопуларните модели и станете вистинска модна кралица!

Капутот е се што ви треба за да ја заокружите секоја модна комбинација.

Топли и удобни, тие ќе ве заштитат од студoт. Различни модели се во тренд, така што лесно можете да го најдете оној кој ќе ви одговара и најдобро ќе му прилега на вашето тело.

„Принцеза“ капут

Женствениот модел во А – крој, совршено одговара на сите оние со облини, особено на фигурата песочен часовник со тесен струк. Експертите ве советуваат да обрнете внимание на фактот моделот соодветно да ви одговара и да го нагласите сè она што е убаво на вас. Особено ако моделот има богата јака – ќе изгледате како ледена принцеза.

Box или cocoon

Рамниот крој е идеален за оние кои имаат тело во форма на јаболко, односно се дебелат во пределот на стомакот, додека нозете се тенки.

Тесни капути со богата јака

Одговараат на дами кои се градени како круша, затоа што визуелно даваат „рамнотежа“. На овој начин го истакнувате горниот дел од телото. Оваа година, моделите во пастелни нијанси се особено популарни. Женствени и убави.

Капути со остри јаки

Едноставноста ги разликува. Остри, дефинирани рабови. И тоа е она што ги прави одлични за комбинирање. Без разлика дали ќе изберете спортска комбинација или елегантна, патики или чизми. Овој тип на капут добро им прилега на атлетски градените девојки.

Исто така, бидејќи кожата се врати на „големата врата“, крзнените модели, кои се кожени однадвор, даваат доза на елеганција, а во исто време изгледаат префинето.

Напиши коментар