After Midnight

Карактеристики кои никако не ги сакаш кај момчето: Овие пет покажуваат дека тој е лош избор и дека со него те чекаат само проблеми

Кога за прв пат ќе запознаеш некого, не е необично да ги видиш само добрите работи што таа личност може да ги понуди на почетокот, а малку полошите ги занемаруваш, сè додека не е предоцна и не се за заљубиш до уши. Ова се одлики кои во никој случај не треба да ги игнорираш.

Никогаш не се држи до договорените планови
Се чини како ситница што повремено заборава дека сте имале договор или што откажува во последен момент затоа што треба да направи нешто важно, но тоа не е ситница. На секого може да му се случи нешто да му излезе во последен момент, но може да се случи еднаш или двапати, не многу постојано.

Фокусот е на сексот
Вистинската врска е многу повеќе од само секс. Иако сексот е исто така важен дел од врските во подоцнежните години, тој не е најважен и не треба сè да се врти околу него. Кога ќе запознаеш момче чија единствена главна цел е да те однесе во кревет, тоа не е некој со кого ќе имаш одлична врска. Треба да се поврзете на многу повеќе области отколку само на оваа.

Тој е емотивно недостапен
Во врска, и ти и твоето момче треба да бидете во можност да се отворите, да покажете чувства и да разговарате за сè. Ако вашето момче одбие каква било емотивна врска, не сака да зборува кога ќе допрете повеќе лични теми, не знаеш како тој всушност се чувствува кон тебе и дали воопшто му се допаѓаш- ова се знаци дека тој држи дистанца и не сака да ти овозможи пристап. А, ако го отстраниш тој дел од врската, што останува за тебе и дали е тоа вистинската врска?

Себичен е
Чувството дека секогаш треба да жртвуваш нешто за вас не е добро чувство. Треба да ги откажеш плановите со пријателите затоа што на него му текна дека треба да се видите во моментов, секогаш да гледате филмови што тој ги сака, да правите работи што тој ги сака … Врската треба да биде компромис во која ти еден ден ќе бидеш онаа чија волја ќе биде послушана, а понекогаш неговата. Не секогаш само неговата.

Твоите другарки не го сакаат
Твоите најдобри другарки сигурно не сакаат ништо лошо за тебе, ниту пак намерно ќе мразат некого затоа што се љубоморни на твојата врска. Најчесто тоа ќе го сторат затоа што гледаат дека таа личност не е добра и не е за тебе. Можеби си премногу во облаци за да забележиш некои работи, но тие се цврсто на земја и имаат пообјективен поглед на тоа.

Напиши коментар