Celebrity

Кендал Џенер ја откри тајната на секогаш негуваната кожа – Ова се нејзините beauty ритуали!

Познатата манекенка и една од сестрите на семејството Кардашијан, Кендал Џенер, сними видео за Vogue, во кое ги открива своите ритуали за убавина.

„Последното видео за Vogue го направив пред четири години и тогаш бев мало бебе, многу нешта се променија од тогаш“, раскажува моделот на самиот почеток. Кендал објасни дека маската за лице, со која се појавува на видеото, е домашна маска и дека е направена од авокадо, овесна каша, органски мед и есенцијално масло од лаванда.

„Маската се прави супер едноставно, а совршено ја хидрира кожата и ја прави сјајна и здрава“, објасни Кендал, која навистина може да се пофали со исклучително убав тен и негувана кожа. Во видеото подолу откријте со што друго славната манекенка ја третира својата кожа и кои се тајните на нејзиниот негуван изглед:

Напиши коментар