Популарната старлета, Ким Кардашијан, е револтирана затоа што САД во четвртокот го погубија Брендон Бернард.
„Не сум добро. Тие го убија Брендон. Тој го промени својот живот. Беше полн со надеж и позитивен до крај. Жал му е што повредил други. Додека беше на столицата, ме побара неговиот адвокат, кој го оствари последниот повик со него. Ми рече дека Брендон изјавил дека ме сака и сака да ми се заблагодари. Рекол дека не се чувствува премногу клаустрофобично на столицата“, напиша Ким на својот Фејсбук профил.
Неколку часа порано, таа разговарала со Брендон за последен пат.
„Несебичен како и секогаш, помислуваше на своето семејство и се грижеше дали се добро. Ми рече да не плачам затоа што борбата не е завршена. Кога ми рече дека е клаустрофобичен и дека му понудиле седатив за смирување пред да заврши на столицата и дека не сака да паничи, се изгубив. Морав да го исклучам микрофонот на телефонот за да не ме слуша како плачам“, напиша Кардашијан.
„Еден час до егзекуцијата на Брендон Бернард. Во Америка е Ден на човековите права и ние ќе погубиме некој што имал 18 години за време на злосторството, не е убиец и се сменил оттогаш. Срамота е“, напиша Ким додека часовите пред погубувањето на нејзиниот пријател беа одбројани.
Патем, Брендон бил осуден уште во 2000 година, бидејќи заедно со Кристијан Вијалва изврши двојно убиство и кражба на автомобил во Тексас.
Вијалва го застрелал парот што лежел во багажникот, а Бернард подоцна го запалил автомобилот. Во тоа време имаа 19 и 18 години. Со нив биле уште 3 учесници, кои тогаш биле малолетни, па затоа не добиле смртна казна.