Celebrity

Ким Кардашијан и Канје Вест живеат одвоено – Дали ќе бидеме сведоци на уште еден развод годинава?

Ким Кардашијан и Канjе Вест отсекогаш имале специфична врска, а последните недели се повеќе се зборува дека е прашање на време кога парот ќе објави развод.

Но, тоа можеби нема да се случи толку брзо. Тие имаа проблеми во текот на летото, но одлучија односот да се одвива онака како што им одговара и на двајцата.

Како прво, нивниот фокус е насочен кон децата.

„Ким и Канје си го прават своето. Многу време поминуваат одделно“, истакна изворот и додаде дека обајцата се фокусираат на работите што им се важни.

„Ким ги извршува своите работи, Канје своите. Таа не се обидува да го контролира или да се грижи премногу. Го пушта да оди и да биде она што е. Така е како што е“, вели изворот.

Иако не поминуваат многу време заедно физички, и понатаму се семејство.

„Тие ќе го прослават Божиќ заедно, со семејна вечера. Нема да биде како претходните години, но сите ќе бидат заедно“, заклучи изворот.

Напиши коментар