Celebrity

Ким Кардашијан на забаваен начин ја претстави 2020та – Вака ќе изгледашe овој хаос од година ако беше фотографија!

Коронавирусот го парализираше светот и ги уништи плановите на луѓето, а најпознатата старлета овој период го претстави преку смешна фотографија.

Ким Кардашијан (40) на Инстаграм објави фотографија од нејзината ќерка Норт и внуката Пенелопе, кои навистина ги насмеаа нејзините следбеници, но моментот кога е направена фотографијата, не е воопшто смешен.

Имено, на фотографијата се наоѓаат три девојчиња, а Ким ја држи Пенелопе, која изгледа исплашено, а додека се движеше наназад, Норт со рацете ја удри нејзината братучетка по лицето.

„2020 година како фотографија“, напиша Ким, додавајќи емотикон кој плаче од смеа.

Со оваа фотографија, старлетата сакаше да опише како би изгледала годината на Коронавирусот, претставена во една фотографија.

Напиши коментар