Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, им подарува дури 500.000 долари на обожавателите, но секако не сите на една личност. 1000 најсреќни пред празниците ќе добијат 500 долари од старлетата, а наградната игра е всушност многу едноставна.
„Еј луѓе, ова е најубавиот период од годината. Знам дека 2020 година беше тешка и многумина се загрижени дали ќе можат да платат кирија, да обезбедат храна за своето семејство или да купат Божиќен подарок за своите деца“, започна Ким.
„Сакам да ширам љубов испраќајќи 500 долари на 1.000 луѓе“, напиша Ким со хаштагот „KKW holiday“ и ги повика обожавателите да ги остават своите податоци, за да може да им исплати пари на оние кои ќе имаат среќа.
Станува збор за спонзориран проект, а парите не ги донира директно Ким, туку интернет апликацијата „Cahs App“.