Astro&Horoscope

Кинески хороскоп за 2021 година: Среќа за Змиите, предизвици за Козите, а тешки времиња за Стаорците!

Секоја кинеска хороскопска година е дефинирана од еден од петте елементи. Следната 2021 година ќе биде година на Биволот, а нејзината порака е јасна – успехот ќе дојде само кај оние кои напорно работат.

Стаорци
Година на раѓање: 1912, 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 година

Следна година на Стаорците: 2032 година.
Ова се тешки времиња, затоа не се надевајте дека сè што сакате ќе ви „падне од небото“. Но, тоа не значи дека следната година нема да има убави настани.

Ако сакате да успеете на работа, ќе мора да работите понапорно. Биволот е животно коешто е вредно, а го очекува истото од другите – да биде упорен, постојан и да „гори“ на работното место.

Бивол
Година на раѓање: 1913, 1925, 1937,1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009 година

Следна година на Биволот: 2021 година.

Пред вас е година во која ќе можете да уживате во плодовите на вашиот труд. Исто така, е одлична година за склопување на брак, основање семејство и раѓање дете.

Страдавте многу претходните години, но исто така и научивте многу, а сега треба да уживате во подароците што небото ви ги испраќа како заслужена награда.

Тигар
Година на раѓање: 1914, 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010

Следна година на Тигарот: 2022 година.

Ова е година кога ќе треба да се посветите на завршување на започнатата работа и исполнување на ветувањата што ги дадовте. Вметнете ја целата ваша сила, затоа што ако сега се коцкате со шансите на кои сте работеле претходните години, никогаш повеќе нема да можете да ги реализирате.

Воздржете ја својата експлозивна природа, бидете помирни и подгответе се да започнете ново поглавје во вашиот живот.

Зајак
Година на раѓање: 1915, 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 година

Следна година на Зајакот: 2023 година.

Другите ќе очекуваат многу од вас, а вие ќе мора да почекате за заслужените награди. Ова може да изгледа фрустрирачки, но не дозволувајте околностите да ве скршат.

Бидете трпеливи и не донесувајте избрзани одлуки.

Змеј
Година на раѓање: 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012 година.

Следна година на Змејот: 2024 година.

Оваа 2020 година беше прилично добра за вас, а ниту следната нема да биде лоша. Ве чекаат месеци на постојан напредок, но ќе мора да се вклучите малку повеќе.

По природа сте сонувач, но шефовите нема да имаат разбирање за тоа. Во годината на Биволот, нема да стигнете далеку ако не сте фокусирани и приземни.

Змија
Година на раѓање: 1917, 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013 година

Следна година на Змијата: 2025 година.
За разлика од она што ви се случи во 2020 година, во 2021 година ќе имате повеќе среќа на сите полиња.

Само внимавајте да не претерате во односите со другите луѓе – во тој случај можете да бидете длабоко разочарани.

Коњ
Година на раѓање: 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 година

Следна година на Коњот: 2026 година.

Годината со која се збогуваме беше тешка за вас. Во 2021 година, ќе бидете олеснети, но треба да обрнете внимание на меѓучовечките односи.

Ако ви се укаже можност да започнете проблематична врска, размислете двапати пред да започнете со такво нешто.

Коза
Година на раѓање: 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015 година

Следна година на Козата: 2027 година.

Ве очекува година полна со предизвици. Ако процените дека нема да можете соодветно да одговорите на некои од нив, попрво треба да се повлечете и да почекате некои подобри периоди кога ќе имате повеќе енергија.

Обидете се да ги поставите во ред сите сегменти од животот во кои владеел хаос оваа година – ја имате поддршката на планетите.

Мајмун
Година на раѓање: 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016 година

Следна година на Мајмунот: 2028 година.

Вие сте мудри и често знаете да го надиграте непријателот, дури и ако користите недозволено оружје. Ќе мора да ја смените тактиката оваа година, во спротивно може да навлезете во сериозни проблеми.

Не мора да терате по свое баш по секоја цена – на тој начин ќе избегнете неволји.

Петел
Година на раѓање: 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017 година

Следна година на Петелот: 2029 година.

Следната година ќе биде една од најсреќните во вашиот живот. Тешките денови ги оставате во минатото, како и сè што ве спречува да дишете со полни бели дробови и да му покажете на светот колкави се вашите амбиции.

Напиши коментар