After Midnight

Kiss me: Зошто е потребно да се бакнувате почесто?

Во бајките, доволен е обичен бакнеж за да се врати принцезата во живот, да се трансформира чудовиштето во убав човек и воопшто, да се направат сите чуда. Што всушност не е далеку од вистината. Бајката е лага, но ја навестува вистината: покрај манифестацијата на чувства, бакнежите имаат исклучително корисен ефект врз нашето тело. Како? Дозволете ни да ви објасниме.

Збогум на тагата и депресијата
Бакнувајќи се барем три минути, го ослободуваме телото од стрес и депресија: ендорфините („хормоните на среќата“) го уништуваат кортизолот, откриле канадски психолози. Познатиот професор, Валтер Туман, дури ја вклучил и практиката на бакнување во неговиот курс наречен антистрес. Страствен бакнеж е исто така многу ефикасен како лек против мигрена или, да речеме, забоболка: бакнежите се 200 пати посилни од морфиумот.

Бакнеж за среќа
Според анкетите, мажите кои ги бакнуваат своите жени пред да заминат на работа имаат поголеми приходи од оние кои не го прават тоа. Британски научници открија дека оние кои не штедат на бакнежи ќе бидат оптимисти, секогаш сигурни во своите способности и поверојатно ќе успеат во личниот живот и кариера. Патем, Британците најмалку се бакнуваат во просек, додека Германците најмногу.

Со бакнувањето и на пример, со пукањето од пиштол, нашето тело ги произведува истите хормони. Приливот на адреналин ја зголемува менталната и физичката активност. Затоа водете љубов, а не војна!

Напиши коментар