Celebrity

Кит Ричардс за прославата на 60от роденден на Ролинг Стоунс: „Плановите ни се само да останеме живи и здрави до тогаш!“

Легендарните Ролинг Стоунс би требало да го прослават својот 60ти роденден дури во 2022 година, а GQ побрза да го праша Кит Ричардс кои се плановите на групата. Ричардс имаше навистина интересен одговор:

„Планот е сите да останеме живи. Освен тоа, на наша возраст… Не знам. Не сум чул за какви било планови, но сигурен сум дека нешто се прави. Прво, треба да ја поминеме оваа година и да видиме како ќе се носиме со следната. Затоа што, мислам дека сега има поголеми проблеми од прославата на роденденот на Ролинг Стоунс. Иако ми е многу драго што сите сме сè уште тука, ќе продолжам додека можам“, изјави славниот гитарист.

Ричардс понатаму потврди дека Стоунс работеле на нов албум, за кој вели дека бил „на половина пат пред да настане хаосот“, мислејќи на пандемијата. „Се обидов да напредувам во неколку работи, но не може многу да се направи, освен да се почека вакцината“ – рече гитаристот.

Во текот на интервјуто, Ричардс се осврна и на сопствениот живот, велејќи дека „секој ден е ден за уживање“.

„Мислам, не сакам да им пркосам на ничии предвидувања и навистина не ме интересираат“, додаде тој, обраќајќи им се притоа на анкетарите кои ја предвидуваат неговата смрт веќе 50 години и истакна: „Ќе умрам кога ќе умрам“.

Напиши коментар