Во одреден момент, човекот се распаѓа и едноставно сака само да плаче.
Во ред е. Во ред е човек да плаче.
Потоа, повторно од почеток, ќе ги состави тие парчиња од себе, малку по малку.
Ќе се доведе во ред. Онака како што знае најдобро.
Нема смисла да се откажуваме, сите имаме „добри“ денови подеднакво исто како и „лоши“ денови.
На секој од нас ни умира некој близок, некој се бори со тешка болест, некои со насилство.
Важно е да се издигнеме над тоа.
Да сфатиме дека сме само патници на овој свет.
И апсолутно е во ред да заплачете.
Тука сме да научиме, да преживееме што е можно повеќе искуства за да извлечеме некаква поука од тоа.
Не плашете се од сопствените емоции, прифатете ги, но не се идентификувајте со нив.
Ќе помине, сè навистина поминува. Само дајте си малку време.
Ако ви треба помош, побарајте помош, во ред е човек да има потреба од поддршка на својот пат.
Она што е важно е никогаш да не се предавате и секогаш да се движите напред.
Дури и во најтешките моменти, само со верба во срцето.