Celebrity

Клои Кардашијан или Ариана Гранде? Новата фотка којашто ја објави Клои многу потсетува на Ари!

Клои Кардашијан сака да го менува изгледот, понекогаш толку многу што повеќе не личи на себе. На сите им е јасно дека таа користи еден куп фотошоп, шминка и пластична хирургија, а последната фотографија што ја објави го привлече вниманието на обожавателите на Ариана Гранде.

Риалити sвездата многупати шокираше со промена на изгледот, а на последната серија фотографии што ги објави на Инстаграм, никој не пропушти да забележи колку личи на некој друг, поточно на Ариана Гранде. Комбинацијата од латекс здолниште и корсет ја надополни со фризура инспирирана од 90-тите, како и популарни патики. Ова е фризура која Ари ја носи во последно време, а поради комбинацијата на шминка, фризурата и позата, обожавателите веднаш „скокнаа“ врз Клои. Еден од обожователите искоментира дека, додека скролал на Инстаграм, налетал на оваа фотка и првото нешто што го помислил било: „Ари, овде изгледаш неверојатно!“

Напиши коментар