Колку рано е прерано?
Секоја врска е различна и навистина нема метрика со којашто можеме да измериме кога е вистинско време да ги изговориме овие зборови, но дефинитивно – пред да прославите три месеци врска, е премногу рано. Дури и ако сте 100% убедени дека таа личност е соодветната за вас, животот е долг и таа не мора веднаш да ги слушне тие зборови. Ако сте предодредени еден за друг, дефинитивно ќе бидете заедно.
Кој треба да каже прв?
Знам дека секој ќе рече дека ова е глупост и дека нема правила – што е донекаде е точно, но дај ми една бајка во која принцезата прва му вели на принцот дека го сака. Да, да, Дизни и неговите бајки ни поставија навистина нереални стандарди кога станува збор за љубовните врски. На крајот на краиштата, сè е прашање на тоа како се чувствувате и што сакате. Ако мислите дека тие зборови треба прво да излезат од вашите усни – повелете, направете го тоа. Секој од нас е различен – луѓето покажуваат љубов на различни начини, па можеби некое дело ќе каже повеќе од тие два збора.
Колку долго треба да чекам на „Те сакам и јас тебе“?
Ако некому му кажете „Те сакам“ неколку пати пред тој/таа да одлучи да возврати, можеби веќе имаме поголем проблем. Нека помине еден месец – ако и тогаш не го добиете истиот одговор, време е да разговарате и да видите дали сте на иста фреквенција.