Celebrity

Кога трејлерот ќе ве растажи: Ова е филм што ќе ве доведе до солзи!

Минатогодишниот хит во кината, „Ад Астра“ во кој глуми Бред Пит ја пронајде својата драматична паралела со најновиот филм „Проксима“, во кој популарната актерка Ева Грин ја толкува улогата на високо подготвен астронаут на најпредизвикувачката вселенска мисија.

Режисерката Алиса Ванкурт, на којашто „Проксима“ и е трет игран филм, се сврте кон темата жена, нејзиниот професионален повик, но и улогата на самохрана мајка.

Францускињата Сара е астронаут обучен во Европската вселенска агенција во Келн. Таа е единствената жена присутна во исцрпувачката програма, но исто така е и мајка која живее сама со својата седумгодишна ќерка и се чувствува виновна што поминува малку време со неа.

Љубовта на Сара е толку интензивна што е скоро неподнослива, а кога е избрана за член на екипажот за едногодишна мисија наречена „Проксима“, тогаш се распаѓа односот меѓу мајката и ќерката.

Погледнете го трејлерот!

Напиши коментар