After Midnight

Кога веќе ништо нема да очекувате, љубовта ќе се врати!

На еден сосема обичен ден, кога целото внимание ќе ви биде насочено кон себе, кога ќе искусите се што сте сакале, животот ќе ви ја донесе вистинската личност. Ќе се појави личност многу слична на вас. Кога нема да очекувате ништо повеќе, сè што сте дале, ви се враќа. Љубовта се враќа!

Едно лице ќе влезе во вашиот живот и вие нема да го препознаете! Ќе помине долго време по вашата прва средба, но на вашето патување е напишан датум кога повторно ќе ја видите…вашите очи се сретнуваат и има необично препознавање во воздухот, од кое ве лазат морници, нешто што веќе го знаете! Ќе откриете нежен и разигран поглед во тие очи, како повторно да го откривате детето во вас и ќе почувствувате топол проток на енергија, што полека го обвива вашето тело, но сепак нема да бидете уверени!

Премногу болка, разочарување, жалење и грешки го замаглуваат срцето, но таа личност е испратена да ги разбие сите ѕидови – како ветрот што ги вози облаците, таа личност ќе направи вашето срце и очи повторно да светнат! И подоцна… ако сте во можност да ја препознаете хемијата, ќе го надминете моментот на вашата средба, гледајќи го како „случајност“ што ви помогнал да ги најдете одговорите коишто не ги баравте.

Преку раскажување на вашите приказни, почнувате да ги откривате сите чудни сличности; иста болка, исти рани. Наскоро потоа, ќе сфатите дека е запишано во вашето патување дека ќе се пронајдете и ќе се лекувате еден со друг, со моќта на љубовта, којашто сè уште постои и покрај сè!

Го држевте срцето затворено толку долго, но сега е време да се грижите за себе. Ќе видите дека вратата на срцето никогаш не се затвора, тоа е невозможно, затоа што на неа нема брава! Ќе се појави личност многу слична на вас. Таа ќе ви го даде она што сте им го дале на другите, а не сте го добиле за возврат, како да садите цвеќе, а тоа цвета во градината на друга личност.

Тоа е чудниот живот кој прави да сфатите дека не сте биле во право кога сте одлучиле дека не треба да пружате љубов. И кога не очекувате ништо повеќе, сè што сте дале, ви се враќа. Љубовта ќе ви се врати!

Напиши коментар