Free zone

Кој е најсреќен, а кој најнервозен? Годишното време во кое сте родени кажува многу за вас!

Иако тоа не делува како многу важен фактор, научниците тврдат дека сезоната во која сме родени во голема мера ја одредува нашата личност. Во една од студиите, Ксенија Гонда од Универзитетот во Будимпешта, анкетирала неколку стотици студенти и дошла до интересни заклучоци.

Родени на пролет

Тие не се премногу склони кон депресија и се сметаат за најсреќни. Имаат таканаречен хипертимичен темперамент и имаат тенденција да бидат значително позитивни, а тоа важи и за децата родени во лето. Пролетните деца се претежно оптимистични, исполнети со ентузијазам и не им треба многу време да се заинтересираат за некоја идеја.

Летни деца

Луѓето родени во овој период имаат променлив темперамент, поради што се склони кон промени на расположението, честопати и без причина. Ги карактеризира тоа што се со лесно заљублива природа, но и повеќе нервозни и склони кон конфликти. Тие го менуваат работното место почесто отколку децата родени во другите сезони.

Родени на есен

Иако постои различно, широко распространето мислење, без оглед на фактот дека природата „се гаси“, луѓето родени на есен се најмалку склони кон депресија. Тие се карактеризираат со рационално и сведено размислување, како и зголемена физичка активност.

Зимски деца

Луѓето родени во овој период се емотивно најстабилни, а истражувачите веруваат дека клучна улога играат поголемите количини на сонце што ги „впиле“ за време на бременоста на мајката. Тие носат одлуки засновани на разум, а не според емоции и се доследни на своите ставови и цели.

Напиши коментар