Astro&Horoscope

Кој е вашиот принц на бел коњ? Ѕвездите откриваат како изгледа идеалниот партнер за вас!

Врз основа на месецот во кој сте родени, можете да откриете како изгледа идеалниот партнер за вас.

Јануари

Кога – тогаш ќе се појави идеалниот партнер за вас, а вие ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Токму затоа што и вие сте такви. Знаете кои се вашите соништа и сигурно чекорите кон нивно остварување. Затоа ви треба некој што ќе може да трча со вас и да ви биде поддршка. Само таков човек нема да биде исплашен од вашата силна природа и желба за успех.

Февруари

Бидејќи сте непредвидливи и полни со живот, потребен ви е трпелив, но истовремено и љубопитен човек. Некој кој ќе ве сака дури и кога сте расположени да одите на пат кон непознатото, но и кога сте тивки, замислени и ранливи.

Март

Заслужувате некој кој ќе се однесува кон вас со почит. Со оглед на тоа дека сте некој кој сочувствува со другите, искрени сте и паметни – таков мора да биде и вашиот совршен маж. Бидете трпеливи и ќе дојде оној што ќе ве стави на прво место, кој ќе ги сака сите ваши квалитети и нема да размислува да ве искористи.

Април

Почекајте да се појави оној кој ќе се вљуби во вашата единственост. Многумина бегаа од неа и многумина се плашеа од тоа што не сакате да ги криете вашите емоции, но оној кој е соодветен за вас ќе биде доволно самоуверен за да остане.

Мај

Потребен ви е некој што може да го следи вашето темпо. Како личност со исклучителен фокус, мотивација и страст, не ви треба некој што упорно ќе заостанува зад вас. Совршено е во ред секој од вас да си го води животот, но во исто време да бидете тука еден за друг и да се охрабрувате, за да бидете подобри и поуспешни.

Јуни

Потребен ви е некој кој нема да има проблем да се отвори целосно и кој нема да се плаши од својата ранливост. Се разбира, тоа не значи дека треба да бидете нечие рамо за плачење или да поправата сè што другите го уништиле во неговиот живот. Потребен ви е некој што ќе ве сака колку што го сакате и вие него.

Јули

Потребен ви е партнер кој ќе ве сака поради тоа што сте. Вашата природа е таква што ги привлекувате сите околу вас, па затоа заслужувате некој што е доволно самоуверен и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој кој ќе ви каже дека треба да се „смирите малку“ за да се чувствува подобро во својата кожа.

Август

За вас постои некој што не се плаши да биде искрен, кој ќе ви го каже дури и она што не сакате да го слушнете. Вашата личност е пример за многумина и имате карактеристики на вистински водач, затоа ви треба доволно силен човек кој нема да ви дозволи да правите сè што сакате, особено да газите преку него. Што не значи дека тој нема да биде горд на вас. Едноставно, ќе ве одржува во рамнотежа.

Септември

Никогаш не сакате да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви треба партнер кој нема да ве спречува во тоа. Но, исто така, и некој на кого не би му било тешко да се потруди малку повеќе околу вас и да ѕирне подлабоко во вашето срце.

Октомври

Имате толку многу љубов и љубезност во себе, што луѓето честопати ги земаат за здраво за готово. Затоа вашиот партнер треба да ги има истите или барем слични карактеристики за да внесе уште поголема радост и љубов во вашиот живот, а не болка и страдање.

Ноември

Вие сте исклучително вредни и креативни, но понекогаш знаете да бидете повлечени и тивки. Затоа ви треба некој кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се обидува да направи да се чувствувате опуштено. Почекајте го оној што ќе ве сака такви какви што сте.

Декември

Потребен ви е некој кој секогаш ќе биде подготвен за забава. Вие сте весела личност, полна со енергија и ви треба некој што ќе ве поттикне да се развивате како такви, а не некој што ќе ве спречува. Човекот кој е за вас ќе ја сака вашата духовитост и темпераментна природа, но исто така ќе биде доволно сериозен кога тоа ќе биде потребно. Како прво, за вас е некој кој ќе може да ве насмее.

Напиши коментар