Astro&Horoscope

Кој хороскопски знак има најголеми шанси да добие на лотарија?

Дали играте игри на среќа и никогаш не освојувате ништо? Можеби винaта може да ја најдете во хороскопот. Имено, Дејли Меил објави кои се најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за игрите на среќа.

На прво место се Рибите, кои минатата година освоија повеќе добивки на лотарија од кој било друг знак. Родените меѓу 19 февруари и 20 март освоија 11,6 проценти од сите добивки на лотарија.

Веднаш зад Рибите се Близнаците, кои освоија 9,9 проценти од добивките, додека Девицата има еден процент помалку со 8,9 проценти и Водолијата со 8,5. Најнесреќниот хороскопски знак е Стрелецот, затоа што само шест проценти се припадници на тој хороскопски знак.

Лорен Куни, од австралиската лотарија, изјави дека би било интересно да се види дали овој тренд продолжува. Табелата со хороскопски знаци изгледа вака:

Риба 11,6%
Близнаци 9,9%
Девица 8,9%
Водолија 8,5%
Шкорпија 8,5%
Бик 8,5%
Рак 8,2%
Лав 7,7%
Вага 7,7%
Јарец 7,7%
Овен 7,5%
Стрелец 6%

Напиши коментар