Free zone

Која фризура ќе биде во тренд оваа есен?

Доколку не знаете дали да би прифатиле да имате шишки или не, оваа фризура е идеално решение. Ќе ги имате, но нема да имате толку многу проблеми со нив кога ќе почнат да растат, а и ќе изгледате одлично.

Оваа есен се носат ‘curtain bangs’. Барем така ги нарекуваат на социјалните мрежи. Да имате шишки или не е најтешкото прашање кога станува збор за фризури. Знаете дека ќе имате проблеми со нив ако ги имате, но сепак навистина ги сакате. Овој тренд ќе ја направи оваа одлука малку полесна затоа што оваа есен се носат шишки, но не кратки, туку малку подолги, па можете да ги разделите на средина и да ги носите на страна – како завесите на прозорците, па оттука и името  ‘curtain bangs’.

Ова е малку ретро фризура која беше хит во 70-тите години, но сега одеднаш повторно почна да се носи многу. Одлично е што е многу полесно да ги отстраните ваквите шишки од лицето кога не сакате да ги носите, а сепак можете да имате фризура што нема да изгледа чудно. Обидете се да го направите со обични шишки! Нема шанси.

Без разлика дали оваа фризура ќе ви стои добро или не, најдобро е да го прашате вашиот фризер пред да одлучите да ги исечете шишките. Без оглед на косата, права или виткана, не треба да имате никаков проблем со тоа, единствено прашање е дали одговара на вашата форма на лице.

Најдоброто нешто кај овие шишки е што дури и кога ќе пораснат малку, тие сепак ќе изгледаат добро. Кратките шишки треба да се скратат малку на секои неколку недели, а овие сигурно може да ви траат нешто повеќе од еден месец пред повторно да одите на фризер. Плус, одлична работа е што можете исто така да ги стилизирате на еден куп начини и да ги исечете до должината што ви се допаѓа најдобро, сето тоа зависи од каков вид фризури обично сакате.

Напиши коментар