Free zone

Колку време е потребно за темелно да се отстрани целата нечистотија од нашето лице?

Обично миењето на лицето се сведува на само неколку секунди и тераме понатаму. Застанете. Дајте и една минута на оваа рутина, сигурно ќе најдете барем толку.

Поминете најмалку 60 секунди миејќи го лицето.

Во текот на денот, лицето собира бактерии. Ако го продолжите времето на чистење и миење на лицето, овозможувате производите за чистење да започнат да работат поактивно и поефикасно да ги разградуваат бактериите од лицето.

Оваа постапка ќе им користи на вашите пори. Кога мртвите клетки на кожата и бактериите се мешаат со природните масла на лицето, може да се појават чепови, кои ги блокираат порите. Подоцна доведуваат до црни и бели точки. Внимателното чистење на лицето ќе помогне да се намалат.

Начин на миење на лицето
Експертите нагласуваат да го миете лицето со прстите, без да користите сунѓери и други средства. Овој начин на чистење на лицето ќе ја подобри и циркулацијата.

Напиши коментар