After Midnight

Колку време ни е навистина потребно за да се „опуштиме“ пред саканата личност?

Од шетање наоколу без облека, до заедничко туширање… Еве колку месеци им се потребни на луѓето да се опуштат целосно пред саканата личност.

Постојат многу „пресвртници“ во врската после кои работите се менуваат, стануваме поблиски или учиме работи што целосно не уништуваат и сфаќаме дека иднината не постои…Зависи од тоа колку имате среќа. Или ја немате.

Но, исто колку што е важен моментот кога ќе се сретнете со пријателите и семејството на вашиот партнер, исто толку е важен и првиот пат кога ќе спиете заедно и ќе се разбудите едни покрај други. Едно британско истражување, во кое учествуваа нешто повеќе од 1.000 луѓе, покажа колку време треба да се опуштиме пред саканата личност.

Идејата за спиење голи, станува прифатлива за мажите по 2,5 месеци во просек, додека на жените им треба уште еден месец плус, па тие би го засакале тоа по 3,5 месеци врска. Мажите се подготвени да шетаат без облека по нешто повеќе од три месеци, а жените по четири и пол месеци заедничка љубов.

Во просек, луѓето престануваат да ја затвораат вратата од бањата по девет месеци, но користењето тоалет додека саканата личност е во истата просторија станува прифатлива после отприлика 11 месеци.

Напиши коментар