Celebrity

Конечно дознавме зошто Џек oд „Титаник“ не преживеа – Дали можеше и тој да се спаси исто какo Роуз?

Поминаа повеќе од две децении откако филмот „Титаник“ беше прикажан во кината, а не стивнуваат дебатите за тоа дали Џек можеше да се качи на вратата и да се спаси. Пејачката Селин Дион, која ја отпеа насловната песна „My Heart Will Go On“, зборуваше за ова за време на нејзиното гостување во „Tonight Show“.

„Можеше ли да преживее?“ Ја праша Џими Фалон.

“Знаете дека тоа беше одамна? Не ме доведувај во непријатна позиција. Што ако намераваат да го снимаат Титаник 2?“ се пошегува пејачката.

Откако Фелон малку ја притисна, таа одговори дека Џек не се качил на вратата затоа што не можел.

“Ако подобро ја разгледате таа сцена, Роуз можеше да биде мртва или толку замрзната што не би била при себе. Покрај тоа, навистина не му беше потребна покана. Ликот се наоѓа во леден океан, можеби и тој бил толку замрзнат, што немал сила да се качи“, се изјасни пејачката.

Оваа сцена е толку многу коментирана, што самиот режисер Џејмс Камерон неколку пати беше прашан за неа.

“Да преживееше, крајот на филмот немаше да има никаква смисла. Филмот е за смртта и разделбата, тој мораше да умре. Мислам дека е глупаво да се дискутира за тоа 20 години подоцна”, изјавил Камерон.

Напиши коментар