After Midnight

Конечно имаме одговор на прашањето: Што се случува во нашата глава кога ќе се заљубиме?

Го знаете старото добро чувство на пеперутки во стомакот, оние искри во очите, нешто што се нарекува хемија… Денес зборуваме за една важна тема. Што се случува со нас кога сме за заљубени? Од каде потекнува таа топлина, радост и леснотија на живеење, кога тоа добро познато чувство влегува во нашите срца? Без разлика дали е возвратено или не, мора да признаеме, заљубувањето е едно од најинтензивните и најсилните чувства. Сепак, важно е да се знае дека за време на љубовта не реагира само нашето срце. Нашиот мозок реагира и на романтиката, а целиот организам поминува низ одредени хормонални реакции, коишто не носат во таа посебна состојба.

Едно истражување направено од група психолози се занимаваше со процесот на заљубување. 17 испитаници поминаа низ низа тестови за да утврдат дали се заљубени. Потоа сите беа ставени на магнетна резонанца на мозокот, за да може тимот експерти да открие што се случува во мозокот на заљубената личност. За време на набљудувањето на магнетната резонанца, испитаниците погледнале слика на некој близок и ги опишале нивните чувства, а научниците забележале дека некои делови од мозокот станале особено активни во тој момент.

По тој резултат, научниците открија дека скоро сите делови на нашиот мозок стануваат активни кога сме заљубени.

Еден од истражувачите откри дека оваа активност на мозокот ја комплицира состојбата на нашиот организам, па затоа често сме хиперактивни, имаме трема, тажни сме или премногу среќни. Ваквите реакции првенствено се поврзани со емоционалната блискост и сексуалната желба. Значи, следниот пат кога ќе се запрашате што ви е, знајте дека вашето тело минува низ многу „тешка“ состојба и обидете се да се разберете себеси и своите постапки.

Напиши коментар