Celebrity

Конечно ја откривме судбината на популарната серија: Дали “Emily in Paris” ќе има втора сезона или не?

Иако серијата е полна со лоши предрасуди кон Французите и покажува тотално нереално како изгледа животот во Париз, „Еmily in Paris“ нè освои сите со својот шарм. Таа е симпатична и смотана, а откако ќе почнете да ја гледате, тешко ќе ви биде да застанете додека не стигнете до крајот. Еден куп луѓе секако се согласуваат со тоа, бидејќи покрај тоа што беше тренд на Netflix, од моментот откако пристигна, а и сè уште е, девојките започнаа интензивно да носат црвени беретки повеќе од кога и да било.

Она што се прашуваат сите на коишто серијата им беше супер е дали ќе има и втора сезона или тука е крајот? Со оглед на тоа што Netflix неодамна го откажа снимањето на еден куп серии поради Коронавирусот, беше под знак прашалник што ќе се случува понатаму со оваа серија. За среќа, не мора да се грижиме повеќе за тоа, затоа што вчера тие објавија среќна вест – доаѓа втората сезона! Не сакаа да откријат многу од она што можеме да го очекуваме во втората сезона, но се знае дека Емили сè уште останува во Париз, кадешто подобро ќе се навикне и ќе застане цврсто на земја. Што ќе се случува понатаму со нејзиниот љубовен живот, кој на крајот од првата сезона е во тотален хаос, останува да дознаеме.

Напиши коментар