Free zone

Користите влажни марамици за отстранување на шминката? – Експертите велат дека треба веднаш да престанете со ова!

Како ја отстранувате шминката?

Дали користите памук или влажни марамчиња?
Ако користите влажни марамчиња, треба да знаете дека не го правите најдобриот избор.

Ерин Лукас, бјути уредник на магазинот „InStyle“, вели како забележала дека многу жени, на видеата на ЈуТјуб на тема шминка и нега на кожата, користат влажни марамчиња за отстранување на шминката.

„Секој пат се прашувам зошто“, вели Лукас, бидејќи од искуство знае дека имаат полош состав од кој било друг отстранувач на шминка.

Лукас, исто така, вели дека тие дури и не заштедуваат време, згора на тоа, потребно е повеќе време да се отстрани тврдокорната шминка и пудри со нив.

„Честопати е потребно неколку пати да поминете со влажното марамче преку лицето за да добиете чувство дека вашата кожа е навистина чиста“, вели таа, додавајќи дека нејзините очи треба да се тријат, за да се отстранат остатоците од молив и маскара, што за чувствителна кожа околу очите е прилично лошо.

Шерин Идрис, дерматолог, вели дека покрај тоа што се абразивни и груби за кожата, влажните марамчиња скоро секогаш содржат некои состојки кои ја иритираат кожата и не се добри за неа: „Мислам дека се премногу груби и не се ниту приближно меки како памучната волна“

Иако тие можат да бидат корисни за време на патувањето, нивниот слаб состав и груба текстура треба да бидат доволна причина да престанете да ги користите, а ако не ве интересира, важно е да се напомене дека, како и повеќето производи за еднократна употреба, тие се многу лоши за животната средина, колку што се пластичните цевки или кеси.

Според американската агенција за храна и лекови, ФДА марамчињата за отстранување на шминка биле направени од материјали како што се полиестер, полипропилен, памук и целулоза, од кои многу не биле разградливи. И иако некои брендови ја покажаа својата еко-свесност со производство на марамчиња од лесно расипливи материјали, познато е дека им требаат и неколку години за целосно распаѓање.

Напиши коментар