Celebrity

Коронавирусот помеѓу членовите на семејството Кардашијан – Една од нив реши да ни открие како се чуствувала!

Во една од епизодите на „Keeping Up With The Kardashians“, Клои откри како се чувствувала откако се заразила со новиот вирус, којшто владее со светот во последните девет месеци. Меѓу другото, таа изјави и кои симптоми ги имала.

„Сè ќе биде добро, но јас бев навистина лошо неколку дена. Сега сум дома, но дозволете ми да ви кажам, ова с*ање навистина постои!“

Клои откри дека нејзините симптоми вклучувале кашлица, повраќање, силна мигрена, како и студени и топли трески.

„Ова беше најлошата мигрена што сум ја имала во животот. Тоа не беше класична главоболка. Цело време ми беше ладно, потоа топло, постојано се тресев. Белите дробови ме болеа додека кашлав, имав впечаток дека горам oдвнатре“, изјави Клои, која беше заразена кон крајот на септември, а сега се чувствува добро и е негативна на вирусот.

Нејзината сестра, Ким Карадашијан во споменатата епизода на реалното шоу, исто така изјави дека сите се плашат за Клои, затоа што буквално не можела да стане од кревет и дека е јасно дека таа се плаши и за својот живот.

Напиши коментар