Променливото и студено зимско време нè принудува на подебела, поудобна и потопла облека, но има ситуации, на пример, како што е Новогодишната ноќ, кога не можеме да бидеме во преголем џемпер и долги панталони, но потребна е поинаква комбинација на облека. Затоа ви претставуваме список од неколку начини како да комбинирате фустани или здолништа во различни варијанти.
1. Кратка црна сукњичка со чизми до глужд
Одлична зимска комбинација на кратко здолниште, дебели најлон чорапи и црни чизми до глужд. Успехот на оваа облека е тоа што не изгледате предотерано, а сепак не е casual , па дефинитивно ќе бидете привлечни!
2. Карирана шарена сукња со кратка јакничка
Мрачното и студено време треба да се разбие со силни бои, затоа што на тој начин можете да се чувствувате поубаво во вашата кожа. Оваа кул комбинација на шарено, карирано здолниште во комбинација со жолта кратка јакна е дефинитивно полн погодок. Бојата на јакната задолжително комбинирајте ја со барем едно карирано парче.
3. Џемпер преку здолниште
Апсолутно нешто што мора да го имате оваа зима, е кратко здолниште над кое ќе носите џемпер! На крајот изгледа дека имате џемпер чии рабови се наоѓаат во здолништето, а тоа е всушност фустан над кој носите џемпер. Освен што нема да ви биде ладно, ќе изгледате многу шик.
4. Тесна карирана сукња и високи чизми
За крај, поедноставен изглед кој им е добро познат на сите. Повторно имаме карирано здолниште, но во потесна варијанта која е комбинирана со високи чизми. Високите чизми дефинитивно даваат поинаква силуета на телото бидејќи ги издолжуваат нозете, а карираното здолниште во слична неутрална боја како и долчевитата само ја комплетира целата облека.