Celebrity

Критичарите согласни: Мајли Сајрус го објави најдобриот албум досега!

Мајли Сајрус го претстави новиот албум „Plastic Hearts“ и ова е нејзиниот најсериозен проект досега, се согласуваат критичарите.

Поп-sвездата флертува со рок звукот на албумот, а кој претходно го најави со сингловите Midnight Sky и Prisoner, но и со разни преработки на хитовите од претходните децении, како што се Zombie, Communication и Gimme More.

На албумот се појавуваат и рок-легендите Били Ајдол, Џоан Џет и Стиви Никс, додека меѓу продуцентите се наоѓаат и Марк Ронсон, Луис Бел, Ендру Вот и Ендру Вајат.

Освен на критичарите, албумот им се допаѓа и на обожавателите, кои ги преплавија социјалните мрежи на пејачката со позитивни коментари.

„Моето пластично срце е преплавено со поддршката што ја добивам! Родена сум за да снимам ваков албум“, се заблагодари Мајли на Инстаграм.

„На фановите, кои беа со мене од самиот почеток: Не постои начин да ви кажам колку го ценам тоа. На другите што некогаш сум ги сакала или изгубила: БЛАГОДАРАМ“.

Напиши коментар