Free zone

Купивте нови чевли кои малку ве стегаат? Не грижете се, постојат пет едноставни начини за решавање на овој проблем!

Не можевте да им одолеете на чевлите што ги видовте на излогот. Иако беа „малку“ тесни, вие ги купивте, очекувајќи да ви одговараат на ногата.

Toa не се случи, туку се случија плускавци и тешкотии при одење проследени со болка. Не очајувајте, бидејќи постои решение, дури и за тесните чевли.

  1. Наполнете кеса за во замрзнувач со вода и ставете ја во тесниот чевел, а потоа чувајте го во замрзнувач 24 часа. Во меѓувреме, водата ќе се претвори во мраз, што ќе ви овозможи да добиете чевли по мерка.
  2. Земете компир со средна големина, излупете го и ставете го во чевлите за време на ноќта.
  3. Направете пропорционален раствор на алкохол и вода, а потоа истријте ги чевлите со него. Потоа облечете ги и носете ги половина час, за да формирате фина форма за стапалото.
  4. Можете, исто така, да ги проширите кожените чевли со фен за коса. Загревајте ја кожата неколку минути додека не омекне. Потоа облечете ги на дебели чорапи и шетајте низ куќата додека не се изладат.
  5. Навлажнете ги чорапите, исцедете ги добро, ставете ги во чевлите и оставете ги. Како што се сушат чорапите, чевлите ќе се шират и ќе се протегаат. Истото можете да го направите и со влажни весници.

Напиши коментар